Черепи и кловнови во филигран-техника

26 Jul

by: Ана Несторовска
Објавено во Дневник на 26. 07. 2010
Иако првата асоцијација за филигрански накит се пеперутките и цветните мотиви, неколку млади ентузијасти што во рамките на проектите за ревитализација на старите занаети ја изучија техниката, ја продолжуваат традицијата, осовременувајќи ја со нови форми. Невообичаени, авангардни и современи модели седум години се „вајаат“ во работилницата на младата уметница од Скопје, Бранка Данчевска.

Во нејзиниот творечки опус се черепи, кловнови, ѕвезди, симболот на Бетмен, морски коњчиња, цветови, луѓе во различни ситуации, апстрактни и други уникатни форми. Употребува благородни метали во комбинација со други природни предмети и фини камења. Прави обетки во сите димензии, од мали, топчести, преку висечки, па се’ до примероци што ја покриваат целата ушна школа, има и раскошни ѓедрани, белезици, приврзоци, канали и плагови, невообичаени украси за нозе и за чизми. Сепак, најпрепознатлива е по брошевите, кај кои најмногу се гледа нејзината љубопитност и желба за истражување. Инспирација наоѓа на секој чекор, дури и во премногу очигледни нешта и ситуации, клишеа, бизарни моменти и во вистината.
– Делата настануваат кога ќе загубам осет за време и простор. Тоа ме потсетува на моментите кога се заигрував како дете, толку бев внесена што на чувствував глад и замор. Најчесто правам по еден примерок од креациите, но доколку некој купувач инсистира на некое парче што веќе е продадено, правам компромис и дизајнирам сличен модел – вели Данчевска.
Во изминатите седум години, колку што е посветена на изработката на накит, има соработувано со повеќе уметници, модни дизајнери, галерии и ликовни установи, во и надвор од Македонија. Лани имаше две самостојни изложби во Скопје и во Белград, што поминаа успешно.
Била дел од повеќе групни изложби, модни случувања, но не се претставила на базари за рачна изработка.
– Македонија е многу мал пазар за што и да е, а камоли за рачна изработка. Но се’ повеќе се цени таквата изработка, а тоа е одлично. Доколу се вложи и напорно се работи, има можност за заработка. Максимално сум посветена на правењето накит. Се грижам секое парче да си го најде вистинскиот сопственик.
Таа е на постојана релација Скопје-Белград-Бар. Во летниот период нејзината работилница се сели во Црна Гора, каде што црпи инспирација и мотиви од морето и плажата. Се надева дека наесен во Скопје ќе ја промовира својата нова, поморска колекција.

Aмбиција за филигрански скулптури
Интересот за креирање го развила во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ , на отсекот за вајарство. Во 2003 година се запишала на школата“Бип арт“, за изучување на филигранска техника, каде што со помош на познатата изработувачка на накит Билјана Клекачковска го научила занаетот.
– Во почетокот ме интересираше само спојувањето на жиците. Имав голема амбиција со комбинација на филигран да правам големи скулптури. Не бев многу загреана за изработка на накит. Но нештата почнаа сосема обратно да се развиваат, па многу повеќе се заинтересирав за накитот и процесот на дизајнирање. Денес можам да кажам дека скулптурата ми е прва љубов, но накитот најголема страст – вели Данчевска.




Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: