Францускиот морнарски костум на Нина Тренадфиловска

26 Jul

By: Ана Несторовска
Фото: Емил Јовановиќ
објавено на 24.07.2010 вo “Викенд” (“Дневник”)


Боите на знамето и воените морнарски костими на Франција биле инспирација за дипломска колекција на младата дизајнерка од Охрид, Нина Тренадфиловска. Дипломката на факултетот за Арт и дизајн на Европскиот универзитет се одлучила нејзината прва поголема модна линија, “Француско сина”, да е во “нејви”-стилот.
– Ја сакам водата. Живеам покрај езеро и отсекогаш ме привлекувал тој поморски стил на облекување, како и сината боја. Иако веќе испробан, сметам дека стилот на морнарите во мојата колекција е различен, како што некогаш биле француските војници – вели Трендафиловска.
Колекцијата беше промовирана во минатата недела, со ревија пред Домот на културата “Григор Прличев” во Охрид.
– Моделите се со едноставни форми, што се надополнети со впечатливите детали на специфичната француско-морнарска униформа. Украсите од панделки, копчиња и јаженца, уникатните капи што потсетуваат на морнарите се доволно добра комбинација да се долови атмосферата што сакав да ја прикажам и ја имав замислено. Од материјалите се застапени памучен пуплин, памучен кепер и синтетички материјал жоржет. Боите се типично морнарски, сина, бела и црвена, но сепак тие се и боите на Франција – вели Нина, која промотивната фотосесијата за линијата ја работеше со Емил Јовановиќ, а моделите ги носеше Сандра Јовановиќ.


РЕВИИТЕ СЕ ДОБРА ПРОМОЦИЈА
Во реализацијата на колекцијата соработувала со својата професорка Јана Манева-Чупоска, која & била ментор. Вели дека многу научила од неа за време на студиите. таа собирала знаења и од Гордана Вренцоска, Александар Ношпал, Никола Булески-Буле и Лидија Георгиева, а има соработувано и со Христина Деспотовска. На студиите имаше можност да учествува на годишните ревии и проект.
– Презентацијата на овие настани се добра промоција за секој студент. Навистина за мене беа од корист, со нивното случување постепено созреав, многу научив, а сметам и дека прилично добро публиката ги прифати моите модели. Тоа секако охрабрува и дава стимул за понатамошна работа. Едукацијата е еден мал сегмент од целокупното знаење, сметам дека практиката и искуството се најважното нешто за да се постигне целта.


КРЕАЦИИ ЗА МОДЕРНИ ДЕВОЈКИ
За досегашните презентации има сработено околу дваесет модели. Моментално нејзино ателје е нејзиниот дом, а во овој период почнува да средува еден простор, што наскоро ќе & биде студио и простор за продажба. Целната група на младата дизајнерка се младите девојки и жени што сакаат да изгледаат поинаку од останатите.
– Правам креации за личности што сакаат да дејствуваат модерно, полни со самодоверба и живот. За тие што имаат намера да бидат забележани и да остават впечаток на девојки со сопствен идентитет и стил. Во креирањето ги сакам едноставната форма, впечатливите детали и уникатните дизајни.
Покрај модниот дизајн, таа се занимава и со цртање, сликање, фотографија и изработка на накит. Своето место како млад и надежен дизајнер го гледа пред с на македонската модна сцена.
– Сметам дека има место за градење кариера тука. На Македонија & фали нешто свежо и ново.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: