"В-креативно студио" вдахнува нов живот на старите предмети

18 Jul


by: Ана Несторовска
објавено на 17.07.2010 во “Викенд” ( “Дневник”)


Износената облека, модните детали, користениот стар мебел и предметите за домаќинство со мала доработка може да добијат нов живот, како употребливи украси или како модно парче за носење. Со намера преку различни техники на обработка да ги вратат во функција старите предмети, трите скопјанки: Јасмина Апостолоска, Анета Попова и Елена Аневска основале винтиџ-проект наречен “В-креативно студио”. Тие селектираат и преработуваат користени предмети, на кои им даваат нов изглед, форма и карактер. Дел од своите уникатни винтиџ-креации деновиве ги презентираа на продажбена изложба во кафе-книжарницата “Магор” во Скопје. Ова беше прво јавно претставување на нивната работа и велат дека позитивно се изненадени од првичните реакции и од приемот на посетителите. Одлично дополнување на доживувањето беа и “живите кукли”, кои носеа дел од преработените парчиња облека. Апостолоска, Попова и Аневска велат дека се задоволни од распродажбата бидејќи целосно ја оствариле првичната замисла. Изложија неколку парчиња мебел, облека и чанти.
– Тоа се откупени стари предмети што првично беа обновени и доработени, а потоа и рачно декорирани, со што добија нов и уникатен изглед. Идејата за “В-креативно студио” постои веќе некое време и се однесува на поширок спектар креативни активности со кои би сакале да се занимаваме. Се роди, пред сe, поради потребата од постоење вакви, концептуални случувања и продавници кај нас – велат авторките на проектот.

КРУГОТ – ЛАЈТМОТИВ
Се одлучиле да ја изразат својата креативност врз користени предмети најмногу поради приказната што парчињата ја носат во себе. Тие ја обновуваат со дополнување во поглед на дизајнот и функционалноста.
– Н предизвикува можноста да го комбинираме старото и новото. Се нафативме на проект со цел да направиме комплетна трансформација на нешто што е квалитетно, но застарено, во нешто ново и уникатно. Конкретно оваа изложба ја подготвувавме три месеци – откриваат од “В-креативно студио”.
Лајтмотив на изложбата бил кругот. Велат дека тој ја означува совршената форма, нешто што нема почеток и крај.
– Исто како и приказната што веќе е започната, а ние ја продолжуваме. Неговата заоблена форма често е поврзана со планетите, Сонцето и Земјата, бесконечноста, единството и моќта. Кругот е и симбол на женственоста, а ова креативно студио работи со здружени женски сили. Затоа, кругот е вистинската тема за почеток на ова наше креативно патување.
Апостолоска, Попова и Аневска функционираат рамноправно, без стриктно поделени обврски и функции. Работат во сопствен приватен простор и с уште немаат салон. Но, набргу би сакале да отворат свој продажбено-изложбен простор. Во своето студио, освен продажба, би се нуделе и поинакви услуги – како можност да се донесат стари предмети, кои обновени и редизјанирани би му се вратиле на сопственикот, уредување на домот и организирање концептуални настани. Заинтересирани се и за откуп на соодветни стари, но функционални предмети, облека или мебел.

ВИНТИЏ-КОНЦЕПТОТ – СЕ УШТЕ НОВИНА
Ваков концепт не е нов во поголемите европски и светски центри, но с уште е непознат кај нас. Креативките своите искуства и идеи ги црпеле на многуте патувања во модните метрополи.
– Искуствата со слични проекти и идеи се базираат на она што сме го виделе во неколку европски градови што ги имаме посетено и каде што имаме живеено, како на пример Прага, Берлин, Лондон. Особено познати по постоењето голем број винтиџ-продавници и “фли-маркетите” се Берлин и Лондон.
Пред да почнат со овој проект спровеле мала анкета, со цел да проценат колку се луѓето запознаени што е тоа винтиџ, како го прифаќаат како концепт, дали се расположени за винтиџ-купување и дали разликуваат што е винтиџ, а што е тоа секнд хенд. Резултатите покажале дека иако луѓето не ја знаат вистинската разлика меѓу винтиџ и секнд хенд, поприфатлив им е првиот концепт. Пред с, бидејќи секнд хенд се поврзува со нешто старо, со лош квалитет и евтино.
– Честопати овие два термина се мешаат и разликата меѓу нив не е преголема, но сепак има неколку карактеристики што ги прават различни. Винтиџ-производите се уникатни, индикативни се за одреден временски период од минатото и се со поголем квалитет, за разлика од производите од втора рака, што може да се произведени во денешно време и се дел од масовното производство, со што се губи уникатноста. Една од нашите цели со овој проект е да покажеме дека ако нешто е старо и добро зачувано, не значи дека не може да изгледа естетски убаво и да биде функционално – велат тие.
Јавната промоција ќе расте паралелно со напредокот на “В-креативно студио”. Со следниот проект сакаат да направат чекор напред во овој поглед. Дел од амбициите се насочени надвор од границите на Македонија.
– Сега почнуваме со разработка на идеите за следната изложба, што планираме да ја одржиме во октомври или во ноември. На следното претставување ќе понудиме повеќе парчиња, како дел од неколку различни сетови-композиции. Но, пред с, мислите сега ни се насочени на претстојните патувања во текот на летото, кои ќе ни послужат како одмор и инспирација.


Пријателки што креативно се надополнуваат
“В-креативно студио” е спој на идеите на Анета Попова, Јасмина Апостолоска и Елена Аневска. Нивната поврзаност, пред с, се темели на долгогодишното пријателство, но и начинот на кој се дополнуваат во поглед на размислувањето, идеите и карактерите. И нивните професии одлично се надополнуваат.


*Анета е дипломиран архитект на Архитектонскиот факултет во Скопје и работи во градежна фирма. Освен со архитектурата, таа се занимава и со пишување – минатата година излезе нејзината прва збирка “Најкратки раскази”, која се состои од 70 дијалози што алудираат на микродрами; секој од нив е визуелно претставен со соодветен плакат-илустрација што таа го изработила.

*Јасмина работи во маркетинг-агенцијата “Њу момент”, а своето школување (студии по комуникации и масовни медиуми) го има завршено во Прага и во Берлин. Иако не како примарна професија, модата постојано е нејзин голем интерес – во Прага има пишувано за неделникот Prague Post, а по доаѓањето во Скопје хонорарно покриваше теми од модата и дизајнот за магазинот “Авангарда”. Сега води свој моден блог.

*Елена има дипломирано внатрешен дизајн во Англија. По доаѓањето во Скопје има работено во повеќе салони за мебел и внатрешно уредување. Престојот во Лондон беше клучен за нејзината љубов кон уникатноста во она што се нуди како краен производ. Во својата работа Елена ги вклучува сите доживувања и средбата со различни култури и светови што овој град ги нуди.


На Скопје му е потребна разновидност
Искуството од првата винтиџ-распродажба во Скопје вели дека на нашата метропола недостигаат вакви настани и изложбен простор за стари, но функционални предмети.
– Генерално на Скопје му е потребна разновидност во секој поглед, а особено вакви алтернативни продавници или студија. Сметаме дека на градот му требаат вакви нови проекти за да се разбуди љубопитноста и интересот кај луѓето, да се промени пристапот и начинот на купување, како и да се задоволат желбите на оние што сакаат да имаат нешто уникатно, во кое на некој начин можат да се пронајдат себеси.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: