Александра Митковска цели кон модниот врв

6 Jul

by: Ана Несторовска
Објавено на 19.06.2010. во Викенд (Дневник)


Авангардата, која е спој меѓу костимографијата, од една и носливата, трендовска мода, од друга страна, с повеќе се применува во мејнсрим-стиловите на поединците. Иако и натаму ја преферираат пред с младите и јавните личности (музичарите и актерите), сепак, успеа да се пробие во македонското модно секојдневието преку колекциите на неколку нови и посмели млади креатори. Една од нив е дизајнерката и костимографка Александра Митковска, која има дипломирано на престижниот институт за мода “Марангони” во Милано. Таа деновиве ја претстави својата колекција есен-зима 2010/11 во концептуалната продавница “Лудус” во Скопје. Моделите се направени под брендот на Митковска, “Вибразиони”, наменет за македонскиот и за италијанскиот пазар. Во нив се забележува големото влијание од костимографското искуство на авторката, а истовремено имаат комерцијална допадливост. Материјалите што ги употребила се висококвалитетни, парчињата се со прецизен крој и изведба. Моделите се баланс меѓу носливото и драматичното.
– Јас сум голем перфекционист. Најважни при создавањето на една колекција ми се добро сработените шаблони и квалитетна изработка. Поради тоа ми требаше подолго време да создадам и тим со кој добро ќе соработувам. Најчесто, кога создавам колекција тргнувам од материјалите со кои располагам. Колекцијата Вибразиони бѕ Александра Митковска е изработена од неколку различ видови свила, шифон, тантела со врвен дизајн, детали од скај, памучни штофови, твид и ликра. Застапени се темни, пастелни тонови на зелена, сива, темноцрвената, сината, црната и црвената боја – вели таа.
Во линијата има 20-ина парчиња, кошули, здолништа, панталони, палта и корсети. Карактеристично во колекцијата е тоа што има доста нагласени раменици и половина. Некои парчињата имаат интересни, архитектонски решенија. Важен детаљ од колекцијата се чевлите, со потпетици од 15 см, кои имаат уникатен дизајн, а се комбинација од различни видови кожа – велур и метални инсерти, изработени од Александра Давидовска, со која соработува и ќе работи и во иднина.
Со истата колекција се претстави на Битолската модна недела во април.
Се има претставено и на други модни недели, надвор од земјава.

РАБОТА ВО “МИС СИКСТИ” И “КАВАЛИ”
Во текот на школувањето во “Марангони” стекнала важни сознанија и работни искуства. Учествувала и на Модната недела во Милано, на групни претставувања.
– Со оглед на тоа што станува збор за една од најдобрите светски школи за моден дизајн, од каде што имаат излезено некои врвни креатори, образованието и искуството што ги стекнав таму ми овозможија брз, лесен и ефикасен пробив. Преку “Марангони” на некој начин успеав да влезам во тимот на “Мис Сиксти”, како сценски менаџер, што е едно прилично интересно работно искуство. Од сите презентации на колекции за овој бренд во текот на студирањето, мојата беше одбрана за најдобра – вели креаторката, на чие првото презентирање на оваа модна недела бил присутен големиот Елио Фиоручи, па оттука произлегло и интервјуто и понудата за работа.
Таа се гордее со сите свои ангажмани досега. Има работено и во престижната светска модна куќа “Кавали”. Ова го овозможило познанството и дружбата со синот на Роберто Кавали, Даниел.
– Од работата во Милано носам позитивни, но и негативни сеќавања. Знам само дека никогаш не би можела долготрајно да работам за некои од големите куќи. Во такви фирми мојата задача би била класична, модно-канцелариска. Среќна и задоволна сум што имав прилика да се запознам и да разговарам со некои од врвните модни дизајнери како Доменико Долче, на пример, и тоа што имав можност да присуствувам на некои од нивните модни ревии и да бидам со нив на некои од забавите. Блиски контакти, освен со Даниел Кавали, с уште одржувам со дизајнери што работат за врвните брендови како “Версаче”, “Костум нешнал” и “Кавали” – вели Александра, која има завршено Средно уметничко училиште во Скопје, отсек текстил и облека, а се школувала и на институтот “Бурго” во Италија.

КРЕАЦИИ ЗА СМЕЛИ
Од 2006 година во Милано го развива својот моден бренд – “Вибразиони”. Годинава првпат се јавува и во Македонија. Нејзините модели претежно се авангардни, но има парчиња што се носливи.
– Ако некое парче е некомерцијално, не значи и дека не е применливо во секојдневната мода. Обично тоа се уникати што тешко се пуштаат во индустриско производство. Ателјето Вибразиони бѕ Александра Митковска е лоцирано во Скопје. Планирам од септември да го промовирам и да го разработам.
Во моментов Александра функционира на релација Скопје-Белград-Милано. Вели дека во Италија и Србија има пријатели од модниот свет, театарот, музиката и дека “тоа се контакти што секогаш можат позитивно да влијаат и на професионално поле”. Две години увезува материјали со врвен дизајн и квалитет од Италија.
Нејзините креации често ги споредуваат со тие што ги носи поп-ѕвездата Лејди Гага. Вели дека, со оглед на тоа што Гага најмногу е во дизајни на славните Александар Меквин и Гарет Пју, ласка оваа споредба и е предизвик да постигне повеќе. За крај вели дека своето место во модниот свет го гледа меѓу најдобрите.
– С уште не сум на врвот, но тоа ми е целта.

Уживам во соработката со Љубиша Ристиќ
Не се откажува од костимографијата. Лани работеше на театарската претстава “Троил и Кресида”, на српскиот режисер Љубиша Ристиќ, реализирана од МНТ, за која направи дури 120 модели. Најавува уште една соработка со Ристиќ, на кореодрамата во Русија.
– Станува збор за нова продукција на “Тоска” од Пучини, на која ќе работиме овој месец. Работата со него навистина ме исполнува. Уживам во неговите мисли и идеи. Заедничките мигови поминати во креација на одредена тема н водат во едни магични светови, кои на крајот со еден посебен шарм го прикажуваат бараниот производ.

Дани во креации на Александра
На ревијата на Модната недела во Битола последната креација на Митковска ја носеше нашата поп-рок пејачката Дани Димитровска.
– Со Дани се запознав преку мојата пријателка Александра Давидовска, која е организатор на “Стритс фестивал” во Куманово. На овој настан лани настапи Димитровска, па оттука почна и соработката. Прво носеше моја креација на манифестацијата “Златна бубамара”, а покрај нејзиното појавување на моето претставување во Битола, се надевам на други соработки. Во преговори сум со некои италијански бендови и со групата “Негатив” од Србија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: