"Чарли"-Ново светло на модната индивидуалност

10 May

Ана Несторовска
објавено во Викенд (Дневник) на 8 мај 2010
Деновиве во Чифте амам во Скопје младиот моден двоец, Милена Кузмановска и Олгица Дојчиноска-Момировска, кои работат под името “Чарли”, ја претставија својата колекција “ИД”. Дизајнерките се задоволни од презентацијата и велат дека се изненадени од позитивните реакциите за моделите.
– Среќни сме што нашата колекција доби многу позитивни критики. Сакавме да понудиме поинаков концепт за нејзина презентација за да се охрабри и поддржи индивидуалноста на поединците да го изразат својот идентитет, потенцирајќи ја својата вистинска вредност. Оттаму произлезе и идејата во проектот да бидат вклучени и индивидуалци како фотографот Кире Галевски, Марија Каева и други за да се направи малку поинаква презентација на дизајнерска колекција – велат тие.
Промоцијата се состоеше од модна ревија и изложба на модни фотографии со модели од самата колекција, проследена со музика на Кирил Џајковски.
Иако досега имаат сработено неколку колекции за поголеми фирми, сепак “ИД” е нивната прва заедничка и самостојна колекција.
– Нашиот стил би можел да се дефинира како комбинација од различности што се дополнуваат меѓусебно во секој аспект, специфично конструиран изглед кој влегува во око поради својата несекојдневност. Нашата целна група се клиенти со свое јас, доволно храбри да го истакнат она што го носат во себе.

ЛИНИИ ЗА МАЖИ И ЗА ЖЕНИ
Колекцијата е за сезоната есен-зима 2010-2011, составена од парчиња од контрастни, но удобни материјали, со нагласена структура, форми и бои. Има линија за мажи и за жени што негуваат урбан стил на облекување и што ја преферираат индивидуалноста во стилот.
Идејата произлегла како реакција и логична последица на нивните дипломски истражувања.
– На ова се надоврзува и свесноста за недоволната изразеност, едноличноста и камуфлажата на идентитетот на единката во современото општество. Постојано се трудиме, индивидуалецот да го претставиме во ново светло, во поинаква боја, со различен печат, со цел да се поттикне да биде она што е во својата суштина, да го изрази своето сопствено “јас”, потенцирајќи ги различноста и нејзината вистинска вредност – велат тие.
Во линијата има 25 изгледи, кои може да се комбинираат еден до друг.
ПОТРЕБА ОД ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ
Милена и Олгица важат за едни од надежните млади дизајнери, кои лани дипломираа на “Академија Италијана”. Модната приказна на Кузмановска почнала уште во детството.
– Тоа е љубов како продолжение на желбата за постојаното експериментирање и потребата за визуелно самоизразување. Беше неминовно да го продолжам школувањето на Академијата – вели таа.
Олгица посакала да се занимава со моден дизајн откако не можела да се пронајде во ниеден од модните “изрази” понудени на нашиот пазар.
– Оттогаш постои голема желба за пронаоѓање нови визуелни форми, различни техники и искуства, а со тоа и изненадувачки резултати од областа на дизајнот, почнувајќи од уметничкото училиште, с до желбата за професионално усовршување како моден дизајнер со диплома.
Студиото за моден дизајн “Чарли” континуирано работи 15 години. Одлуката да се работи во тим од две дизајнерки се наметнала како концепт на функционирање, изразување и спојување на различности кои меѓусебно се дополнуваат, во кој и двете се пронаоѓаме. Во нивното ателје, во скопската населба Тафталиџе, прават с што е поврзано со стајлинг и мода, од индивидуални барања на клиентите, па с до големи дизајнерски проекти. Во ова нивно катче, креативно се изразуваат на секое поле, таму ги изработуваат и ги продаваме нашите модели, а во тек се и преговори за продажба на соодветни локации за нашите производи.
ПРЕДИЗВИК РАБОТАТА СО ЈАВНИТЕ ЛИЧНОСТИ
За свој ментор и најголем учител го сметаат Никола Ефтимов, со кој соработувале при изработка на историски костими и комплетен стајлинг (фризура и шминка) за фотосесијата наменета за неговата книга за историја на костим, што е во подготовка.
Соработките со јавни личности се неизоставен дел од нивната професија. Велат дека со популарните предизвикот е поголем.
– Секој од нив е во постојана потрага по нов начин на сопствено визуелно презентирање, па преку комплетниот стајлинг, нашата креативност, умешност и стручност доаѓаат до израз.
Креаторките немаат екстра-време за други, поголеми активности, покрај модата.
– Во слободното време се обидувам да најдам повеќе време за цртање илустрации, тоа е едно од нештата во кое комплетно се пронаоѓам – вели Дојчиноска-Момировска.
Кузмановска е среќна што покрај модниот дизајн, наоѓа доволно широк простор за изразување во шминкањето:
– Комбинацијата од модниот дизајн и шминката ми претставува неопислива слобода за искажување на пораките што чувствувам дека треба да ги пренесам.

ХУМАНИТАРНИ РЕВИИ И ПРОЕКТИ
Олгица Дојчиноска-Момировска е потписник на хуманитарната “Свилена колекција на Чарли”, линијата на “Свилени чанти” во 2005 година и проектот “Орнамент”, наменет за оживување на Старата скопска чаршија во 2005 година. Изработи историски костуми од 15 век за време на студиите. Следуваат изложба и модна ревија – костуми за капење на Денови на италијанскиот јазик и култура во Музејот на современата уметност во Скопје во 2007 година, а година подоцна беше дел од изложба и модна ревија “Помалку е повеќе или помалку е здодевно”. Има работено во “Поинакви” на “Сител”, проектот “Индивидуалци”, емисијата “Мали тајни” и е дел од консултантскиот тим за “Мапирање на креативните индустрии” во Македонија. Била дел од завршните ревии на “Академија Италијана”.


МЕЈКАП И МОДЕН СТИЛИСТ
Милена Кузмановска, покрај со моден дизајн, се занимава и со шминкање. Била дел од повеќе семинари и проекти. Покрај редовното учество на завршните ревии на академијата за мода, таа работела на шминката на Избор на песна за Евровизија во Скопје, 2007 година, на изработка на историски костуми од 15 век за “Академија Италијана”, изложба и модна ревија Лесс ис море ор лесс ис боре во “Сасол театарот” во Фиренца во 2008 година. Истата година имаше ангажман во ТВ-емисијата “Поинакви”. Се погрижи и за шминката на учесниците на Прилепската модна недела во 2008 година. Беше дел и од емисијата “Помеѓу човекот и сонот”, фотосесијата “Скриени идентитети”, проектот “Индивидуалци” и во емисијата “Мали тајни”.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: