Шапка од Вренцоска меѓу најнеобичните во Аскот

3 May

Шапка направена за фирмата „Твинингс“, дизајнирана од македонската креаторка и уметница Гордана Вренцоска, е на листата со 14 најнеобични женски шапки што досега биле носени на коњски трки. Креацијата направена во 2005 година е високо рангирана во последното издание на американскиот магазин „Воманс деј“. Според кажувањата на Вренцоска, шапката била носена од англиски модел на трките во Аскот и веднаш била забележена од публиката и од медиумите.
– Дизајнот е базиран на концептот „освежување измешано со стил“ и претставува чаша леден чај „твинингс“, дополнета со различно овошје.
Шапките се задолжителен додаток на коњските трки насекаде во светот и се одлична можност за креативно и екстравагантно презентирање на смели дизајнерски идеи и необични модни трендови – вели дизајнерката.
Вренцоска пред пет години победи на „Твинингс“- натпреварот за дизајн на шапка. Креацијата ја направи за време на престојот во Лондон, каде што магистрира на студии по дизајн на престижниот колеџ „Сент Мартинс“. Дипломира сликарство и модно креирање на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Професор е на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот Универзитет.
(А.Н.)
Објавено во Дневник на 03.05.2010

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: