Secretary Collection на Ивана Кнез

28 Apr

Бизнис-модели, кои истовремено се провокативни и секси, се дел од новата колекција наречена Secretary Collection на младата македонска костимографка Ивана Кнез. Постдиполомката по моден дизајн била инспирирана од филмот „Секретарка“ на Стивен Шејнберг.
– Колекцијата првенствено е реконструкција на машка кошула во здолништа. За да се долови визуелното поместување, во соработка со фотографот Жарко Чулиќ направивме фотографии со усни, кои ги испечатив на бели маички, украсени со тул. За време на изработката и дефинирањето на моделите случајно го гледав филмот на Шејнберг, во кој ја пронајдов идејата за колекцијата, и добив визија како да се реализира -вели Кнез.
Линијата што деновиве ја промовира преку медиумите содржи тесни здолништа и секси-блузи, дополнети со модни додатоци.
– Мини-колекцијата е со лимитиран број парчиња. Таа е монохроматски изведена, со акценти во црвена боја. На мое големо задоволство поголемиот дел од креациите веќе се резервирани од клиенти. Користев комбинација од волна и памук, како основа, за моделите да понудат пријатно чувство, бидејќи сум приврзаник на идеалот дека стилот е резултат на способноста за комбинација на удобност и женственоста -додава креаторката.
Колекцијата „Секретарка“ е наменета за жени задоволни од себе, стилски дефинирани, кои го почитуваат дрес-кодот, но сепак успеваат да ја задржат провокативноста. Креациите се дополнети со рачна доработка и модни додатоци.
– Вторпат имам експеримент со чевли. Направив редизајн на веќе постојна основа, со надеж дека еден ден ќе имам можност за целосна изработка на цела едиција. Колекцијата ќе може да се најде во продавниците на брендот „Петек“ – вели Кнез, која деновиве е на семинар за костими во Чешка, каде што гостува како предавач.
Секси фотосесија
За потребите на промоцијата на колекцијата Ивана Кнез направи секси фотосесија, на која соработуваше со фотографот Жарко Чулиќ и мејкап-артистката Цеце Котевска. Креациите автентично ги долови моделот Ивона Сталевска.
– Многу сум и’ благодарна на Ивона, која се согласи да го изведеме едиторијалот. Таа целосно ги исполни барањата на улогата-секретарка. Во мојата модна визија жената е женствена сегде и во кујната и на работното место – вели Кнез.

by: Ана Несторовска
објавено во Дневник, 28 април 2010

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: