One – нова колекција на Билјана Каран

21 Apr

Модната креаторка Билјана Каран вечерва, на третото издание на Битолската модна недела, ќе ја претстави својата нова колекција One (Едно).
Линијата пролет-лето 2010 е инспирирана од суштината и од убавината на се’ што не’ опкружува.
– Бев мотивирана од потребата да се согледаат вистинските вредности во животот, како љубовта, среќата, сочувството и човечноста. Како пример ја земам Мајка Тереза, која беше во право кога велеше дека сите ние сме „едно“. Искрено верувам во ова и токму затоа колекцијата го носи ова мало име кое проектира една толку голема вистина – вели Каран, која деновиве се врати од модната недела „Фанкшн фешн вик“ во Мајами, САД.
Процесот на дизајнирање на колекцијата бил забавен и исполнувачки. Секоја од креациите има „посебна, уникатна и фасцинантна приказна, која ги обединува во финалната цел: софистицирана совршеност“. Моделите се направени од свила, што е препознатливо за Каран. Експериментира со формите, ја следи линијата на женското тело и ги истакнува и ги разголува грбот и нозете. Во палетата на „Едно“ има шаренило од бои како сина, тиркизна, црвена, портокалова, крем, жолта и бела, со црни додатоци, тантела, мониста или латекс ленти, цветови, фалти и набори.
(А.Н.)
Фото: Дими & Ани
“Дневник”, 21 април. 2010.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: