Фотомодна изложба на Лидија Георгиева и Ива Димеска

21 Apr

Модната креаторка Лидија Георгиева и фотографката Ива Димеска на 22 април во 20.30 часот ќе ја творат својата изложба Beasts in the System во мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје. Со овој фотомоден колаж креативките ќе одбележат декада од своите кариери. Beasts in the System тргнува од идејата дека во денешното општество, поединецот е обврзан да живее според голем број на правила и системи. Од тука се јавува потребата за игра како неопходен елемент за воспоставување хармонија. На изложбата, играта е инспирирана од постоечките игри, но е конципирана различно, во свој сопствен универзум со свои правила и логика. за потребите на изложбата ќе бидат искористени пет простории, во кои секоја е една игра, а сите заедно се поле од големата игра.
-Смислата на играта не е во победата, туку во самиот процес на играње. Секој може да ја игра според своите потреби. Остатокот од упатствата е напишан во секое поле-велат Георгиева и Димеска.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: