Интервју со Илинка Поповска

5 Apr

ЦЕЛ СВЕТ ВО ЕДЕН ЃЕРДАН

by Ана Несторовска
Објавено во “Викенд” (‘Дневник’) на 03.04.2010

Изминативе неколку години филиграните го враќаат својот статус на парчиња накит што најмногу се носат во нашата земја. Со реставрација на оваа стара техника за изработка на украси и модни додатоци, и ангажирањето поголема група млади ентузијасти, кои ја изучија техниката, денеска на базарите, на интернет-страниците и во продажбените места може да се најадат модерни, но и традиционални модели од познатиот македонски филигран. Една од младите дизајнерки на накит во филигран-техника е Илинка Поповска, која по професија е градежен техничар, но максимално е посветена на своето хоби – изработка на накит. Активно изработува накит од средношколските денови.
– Почнав да се занимавам со оваа креативна работа, пред с, од љубов, како хоби, за што не ни сонував дека ќе прерасне во нешто посериозно. Техниката самата ја открив и развив, немав од кого да ја научам, но постојано се надградував. Во 2003 година се роди мојот мини-бренд “Беад арт” и се случи првиот настап на Фестивалот за доживотно учење во Скопје – вели таа.


НАГРАДУВАН НАКИТ
Позначајните претставувања на “Беад арт” продолжиле со групната регионална изложба на “Про артс фестивал” во Музејот на современата уметност. Во 2005 година добила награда за најдобар производ на Новогодишниот базар АТА, за украсот “Ангел со срце”, кој бил употребен на плакатот за тој базар. Пред пет години почнала да ја изучува филигран-техниката во златарница “Рубин”. Откако ги завршила сите школи, во 2007 година почнала со самостојна изработка на сребрен, рачно изработен филигрански накит. Во меѓувреме има неколку изложувања, а првото самостојно претставување било во минатата година во рамките на “Охридско лето 2009”.
Илинка најчесто изработува практични примероци: како филигрански алки, обетки и ѓердани, а повремено и украси.
– Накитот е идеален за слободно изразување. Можам да пренесам еден цел свет во примерок ѓердан, на пример, како “Играта на животот”. За реализација на едно парче битни се две компоненти: креативна и техничка. За мене инспирација е безвременото, а парчињата накит им се посветени на сите што се препознаваат во нив – вели Поповска.
Во нејзиниот опус има уникати, но и парчиња што се во повеќе примероци, кои се едноставни и практични за секојдневна употреба.
– Омилен модел ми е филигранска брезлетна со седеф, а на клиентите најмногу им се допаѓаат брошот “Пауново перо”, изработен од филигран со вметнат филц, како и пеперутката-украс со димензии 18 на 16 см, кое е моето најголемо дело досега- вели авторката, која досега има изработено две поголеми колекции, но и повеќе парчиња што не влегуваат во поголем проект.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА “ШАНГАЈ ЕКСПО 2010”
Креациите на Илинка може да ги видите на нејзината страница на “Фејсбук” и на интернет-странци, каде што се продава накит, а засега нема свој продажбен салон. Таа сега е фокусирана на стручно усовршување. Работи на нова колекција, чиј работен наслов е City Life.
– Поголема промоција за мене е учеството на “Шангај експо 2010”. Дел од мојот накит би требало да е изложен околу шест месеци во македонскиот павилјон.
Таа смета дека на филигранството с уште му се потребни промоција и создавање нови кадри, продолжувачи на традицијата
– Сепак се работи за занает што бил на изумирање и кој се обновува. Најверојатно мајстор на добар глас може добро и да заработува, сепак треба да се поработи на афирмацијата на ваквиот пристап кон изработката на накит.
Покрај за изработката на накит таа има афинитети за изработка на релјефен колаж – тапет. Кога има слободно време, интересен материјал, идеја и слободен ѕид, таа твори.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: