Пролетни колекции во ‘Лудус’

30 Mar


Под заеднички концепт: “Храбра и урбана мода со препознатлив дизајн” утре (31.03.2010) во концептуалната продавница “Лудус” во Скопје ќе бидат промовирани новите пролет-лето колекции на Росица Мршиќ, Елена Спасовcка и брендовите Ham& Eggs и Chic Undercowear.
Четврта сезона по ред во Лудус може да се најде колекција на Росица Мршиќ. Новата линија е наречена “Светот во женска форма“, која беше промовирана минатата недела. За првпат ќе се претстави со модни додатоци, како чанти, шапки, чевли и хулахопки покрај веќе добро познатите фустани за вечерни излегувања.

Колекцијата на Елена Спасовcка се вика “Романтична потреба од жена херој”. Нејзините модели се во подаркерски стил, со мотиви од костимите на витезите. Креациите се интересна интерпретација на жена-Дон Кихот. застапени се црната и сивата боја.
Дизајнерите на HAM&EGGS од Бугарија со колекцијата “Jас сум Супер” инспирирана од суперхероите сакаат да внесат малку смелост и слобода кај луѓето. Облеките се удобни и слободни, погодни за скитање по градските улици, пријатни забави, а зошто да не и за битни средби в канцеларија. Кроевите се со инспиративни елементи од суперхероите, а боите се суперменска сина, жолта, црна, сива и бела. Материјалите се тенки и летни – памук, трико, лен. За додатоците на оваа колекција одговорна е Калина Чанкова.
Колекцијата на Chic Undercowear е наменета за сите што се свесни за своите адути и знаат како да ги искористат, за сите оние во чијшто вокабулар не постои зборот инхибиција, што уживаат во сами себе и восхитот од околината. Жената која се обожува себе си и која чини сè за да се чувствува беспрекорно е идејата која ја носи новата етикета на нашиот моден пазар, Chic Undercowear.
Промотивната забава ќе трае од 19:30 – 21:30 часот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: