Росица Мршиќ инспирирана од Густав Климт

26 Mar
Македонската модна креаторка Росица Мршиќ вчера во своето ателје – Современ простор за мода во Скопје – ја промовира својата колекција за сезоната пролет-лето 2010. Колекцијата е наречена „Светот во женска форма“. Главна инспирација за новите модели бил славниот австриски уметник Густав Климт, кој живеел и творел во почетокот на 20 век.
– Црпев мотиви од неговата уметност, која изобилува со сензуалност и раскошна естетика. Тие се малку еротични, а во таа насока и моите модели се поженствени. Ги истакнуваат квалитетите на женското тело. Новата колекција е комплетна, и продолжува таму каде што застанав со претходните. Таа е посложена и посодржајна, со 15 комплетни аутфита. Има се’ што и’ е потребно на една жена: здолништа, палта, фустани, кошули, панталони и модни додатоци како чанти и чевли. Значаен дел се хулахопките што ги креирав во соработката со македонската фирма специјализирана за чорапи „Санда“. Станува збор за линија што е во склоп на мојата колекција, но ќе биде достапна за поширока продажба во оваа фирма. Ќе се разликува по посебното пакување и дизајн – изјави Мршиќ на вчерашната прес-конференција. Ова е прва колекција на хулахопки што ја направила Мршиќ, но се смета и за прва што е потпишана од македонски дизајнер.
Во „Светот во женска форма“ се застапени црната, белата и шарени додатоци, кои и’ даваат живост на линијата. Промоцијата на колекцијата е дел од оф-програмата на неодамна одржаниот Моден викенд-Скопје.
by: Ана Несторовска
објавено во “Дневник” на 26.03.2010


Фото Роберт Јаневски
модел Катерина Урдова

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: