Ристо Бимбилоски -колекција есен -зима 2010/2011

24 Mar
Македонскиот моден креатор Ристо Бимбилоски, кој повеќе години живее и работи во САД, минатиот месец ја претстави својата нова колекција на Модната недела во Њујорк. Неговата женска линија е за сезоната есен-зима 2010-2011 г. За новите модели бил инспириран од делата на современиот уметникот Никола Сизон, па креациите наликуваат на вистински сликарски платна, кои од критиката беа оценети како изненадување и свежина на модните писти.
Колекцијата е поделена на два дела. Првиот е поколоритен, со пастелни бои и поесенски модели, а вториот потопол, наменет за студените зимски денови.
Во есенската линија има мантили, јакни, шорцови, фустани во светлосина, розова, жолта и виолетова боја, кои се прелеваат една во друга. Во подебелиот дел од колекцијата, каде што моделите се претежно плетени и од волна, нуди контрасти на сивата со темноцрвената, кафената и црната боја. Креаторот доловил движење и со различните материјали, но во фокусот се плетените модели. Застапени се волуминизирани џемпери, палта, капути, туники, здолништа во неколку должини, припиени фустани и блузи, комбинирани со хеланки.
Моделите се збогатени со многу детали, крзно, патенти, капи, марами, елечиња, колани, ракавици, качулки и ленти. Интересни се хеланките, тесните комбинезони, блузите и фустаните со крупни плетки. Колекцијата на Бимбилоски е спортско-елегантна, со доза на авангарда и готик-стил. Моделите се одраз на нововременската фузија, на источниот (рачните плетки) со западниот свет (технологијата).
Ана Несторовска
објавено во “Дневник” на 24 март 2010






Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: