Фотоизложба го отвора Модниот викенд – Скопје

9 Mar
Со изложба на модни фотографии вечерва во 20 часот во „Мала станица“ ќе биде отворен Модниот викенд – Скопје. Ќе може да се погледнат фотографии на Дарко Мораитов, Филип Кондовски, Александар Гроздановски, Димитар Петровски и Андријана Костова од „АД фотографи“, Владо Ѓорѓиев, Сашко Манев, Лепа Ѓорѓиева, Наташа Димовска-Узуновска и Фадил Бериша. На отворањето ќе биде презентирана и работата на студентите по моден дизајн од Европскиот универзитет, Универзитетот ФОН, Факултетот за конфекциско инженерство и Факултетот за ликовни уметности од Скопје. Организаторите на настанот, Модна корпорација- Скопје и Македонската модна формација, за в четврток најавуваат забава во скопскиот клуб „69“, која ќе биде загревање за претстојниот викенд со модни ревии. Во петок во салонот „Ауди, порше“ во 20 часот на програмата се ревии на модниот дизајнер Ненад Секирарски, „Кокев ателје“, „Дизајн фактори“ од Косово и „Република де ла мода“.

Во сабота ќе се одржат ревии на студенти од Европскиот универзитет под менторство на Никола Ефтимов и на Јана Манева-Чупоска и на брендот за шминка „Артдеко“, водено од главниот меѓународен тренер Дерек Грило од Германија. Следуваат ревиите на креаторката Олгица Ѓоргиева и на Елена Лука. Модниот викенд-Скопје ќе го затворат ревиите на младите креатори Роберт Ивановски и Ведрана Панова и на дизајнерот Јован Петровски. Моделите ќе ги носат манекените од агенциите „Њу лук“ и од „Моделс ин“. Фризурите ќе бидат на стилисти од хрватската компанија „Диксон“. На паузите во шоу-румовите ќе може да се погледнат новите колекции на накит и на чевли.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: