Гарет Пју на местото на Александар Меквин

6 Мар
Младиот британски дизајнер Гaрет Пју најверојатно ќе биде новиот креативен директот на модната куќа на прерано починатиот моден гениј, Ли Александар Меквин, јавува Телеграф.
Дваесет и осум годишниот Пју, кој во својот сензибилитет и стил многу потсетува на Меквин, би бил идеалнен лидер на брендот -препознатлив во екстраваганцијата и авангардниот имиџ.
Александар Меквин го основа својот бренд уште за време на студиите на престижниот лондонски “Сент Мартинс” и го водеше се’ до смртта на 11 февруари 2010 година. Во почетокот на овој месец Роберт Полет, извршен директот на групацијата Гучи, во чија соптсвенот се 51 отсто од акциите на “Александар Меквин,” најави дека брендот ќе продолжи да егизистира.
Дека талентираниот Пју е најсоодветна замена за Меквин зборува и неговите последни машки и женски колекции за сезоната есен-зима 2010-2011, презентирано на Модната недела во Париз. Во продолжение се неколку модели oд овие линии.










Напишете коментар