Моден викенд во Скопје од 9 до 14 март

3 Mar


По три години пауза во Скопје повторно ќе има модна недела. Модниот викенд-Скопје ќе се одржи од 9 до 14 март во Мала станицаи во салонотАуди, порше.

Настанот ќе биде отворен на 9 март во Мала станицасо изложба на модни фотографии на Дарко Мораитов, Филип Кондовски, Александар Гроздановски, “АД фотографи“, Владо Ѓорѓиев, Сашко Манев, Лепа ѓорѓиева, Наташа ДимовскаУзуновска и светски познатиот автор со албанско потекло Фадиљ Бериша, кој има фотографирано многу холивудски ѕвезди и познати брендови. Истовремено ќе биде презентирана и работата на студентите по моден дизајн од Европскиот универзитет, ФОН и од Факултетите за конфекциско инженерство и Факултетот за ликовни уметности од Скопје.

Во текот на викендот, од 12 до 14 март, ќе се одржат модните ревии во салонотАуди, порше“, каде што ќе има и шоурум на кој ќе се презентираат новите колекции на накит и на чевли.



by: Ненад Секирарски

Ќе може да се погледнат новите колекции за сезоната пролет-лето 2010 на Ненад Секирарски, Јован Петровски, Олгица Ѓоргиева, Елена Лука, Роберт Ивановски, Ведрана Панова и дизајнерката на накит Александра Шекутковска, како и на Ателје КокевиРепублика дела мода. Присутните ќе се запознаат и со првите креации на студентите од класата на Александар Ношпал на ФОН и на студентите на Никола Ефтимов и на Јана Манева Чупоска на Европскиот универзитет.

Организаторите, Модна корпорацијаСкопје и Македонска модна формација со овој настан планираат да ја вратат модната недела во Скопје, со која метрополата повторно би се нашла на светската мапа на модни случувања.

Директор на FWSK e Света Богова-Јовановска, уметнички директор е Данијела Симоновска, претседателката на Македонска Модна Формација, манекените кои ќе бидат ангажирани на ревиите и за потребите на едиторијалите ќе бидат од модните агенции – Њу луки одМоделс ин. Официјални фотографи на модната недела се Димитар Петровски и Андријана Костова одАД фотографи“. Со ревија ќе бидат претставени трендови на шминкање, подготвени одАртдеко“, а водени од главниот меѓународен тренер Дерек Грило од Германија. Фризурите ќе ги прават стилисти од хрватската компанијаДиксон“. Програмата секој ден почнува во 20 часот, а на паузите во шоурумовите ќе може да се погледнат новите колекции на накит и на чевли.

by: Олгица ѓоргиева


by: Роберт Ивановски


http://www.youtube.com/v/ZYVBZ5GYKa4&hl=en_US&fs=1&

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: