Интервју со Ивана Кнез

15 Feb
МОДА МАЃЕПСАНА ОД ТЕАТАРОТ

by: Ана Несторовска
објавено во Викенд (“Дневник”) на 13.02. 2010
Кога ќе ја прашате младата креаторка и постдипломка по моден дизајн од Скопје, Ивана Кнез, што е по професија, таа вели – костимограф. Иако во нејзиниот работен опус се и модниот дизајн, изработката на накит, уметнички модни перформанси и сценографија, таа секогаш на прво место ја става изработката на театарските костими. Професионално не ја остварила желбата да се занимава со глума, но љубовта кон театарот ја задржала блиску до штиците што живот значат.
Вели дека кога еднаш ќе се качите на сцена и со сите сетила го вкусите театарот, никогаш нема да сакате да го напуштите. Првиот вистински допир со театарот го имала како средношколка, кога заминала на курс по глума кај нашиот познат актер Димче Мешковски.
– Иако претходно имав решено да се запишам на моден дизајн, се двоумев каде да го продолжам школувањето, бидејќи многу го засакав и театарот. Во одлуката ми помогна Мешковски, кој ме посоветува да ги спојам двата афинитета и да се запишам на костимографија. Претходно воопшто немав размислувано за оваа професија, но веднаш ми се допадна таа опција -вели 24-годишната дизајнерка.
Во тој период на едно од нејзините патувања во Белград видела оглас на Академија лепих уметности, која е приватна висока школа за уметност, мода, дизајн, па се пријавила и ја примиле. Сега е дипломиран костимограф, иако напоредно во рамките на студиите имала предмети поврзани со модата и со уметноста.
– Тие дополнително ми го збогатија знаењето што денес ми е потребно за реализација на костимите. Во текот на школувањето на Академијата постојано н носеа во работилниците на “Народно позориште” и на “Југословенско драмско позориште”, посетувавме модни недели и имавме контакт со модниот свет, а имав и неколку ревии со мали колекции. Имав можност да искусам и да видам многу нешта што сега ми се корисни во кариерата. Белград е многу блиску, но сепак далеку пред нас. Има развиено од улична, па с до висока мода – вели Кнез, чиј најголем идол е уметникот Салвадор Дали.

ПОЗИТИВНИ РЕАКЦИИ ОД АКТЕРИТЕ
Паралелно со студиите работела на театарски костими за аматерската драмска дружина “Театар 007”. Соработката ја почнале во 2004 година со костимите за претставата “Ќелавата пејачка”- проект што с уште се изведува. Една година подоцна ги создаде моделите за претставата “Дракула”, а следела сценографијата и костимите за “Игра” на истата трупа.
– На костимите работев сама во Белград. Беше голем предизвик да покажам што можам и што сум научила од студиите. Секогаш може подобро, но тогаш бев задоволна од сработеното, а добив и позитивни критики. Тоа ме охрабри да продолжам со дизајнот – вели Кнез.
Во 2008 соработуваше со ФДУ при реализација на костимите за претставата “Трамвајот наречен желба”, а лани беше асистент-костимограф на краткиот филм “Замена” во режија на Марија Џиџева.
Нејзин последен театарски проект се креациите за претставата “Ескуриал” на режисерот Ристо Алексовски, која пред неколку месеци беше премиерно одиграна во Градскиот театар Скопје. Претставата е поставена во Младинскиот културен центар, а во главните улоги се Сашо Тасевки и Рубенс Муратовски. Во дизајнот на театарскиот костум Ивана најмногу ја охрабрува позитивната реакција на актерите.
– Кога ги облекоа костимите, Тасевки и Муратовски рекоа: “е ова сакаме да го носиме”. За мене нема поголем комплимент од тоа. И реакциите на тие што ги погледнале моите костими се позитивни – вели таа.

ДИЗАЈН НА ОБЛЕКА И НА НАКИТ
Ивана сега е на постдипломски студии на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје. За свој ментор и личност од кој учи ја смета нашата позната креаторка Лидија Ѓеоргиева, која живее и работи во Париз и која е визитинг-професор на овие студии.
– Многу брзо стапивме во контакт со Ѓеоргиева. Меѓу нас се разви хемија на уметничко ниво и има убав професионален флуид. Таа ми објасни многу нешта што не ги знаев. Ми даде елан и инспирација за работа. Со нејзина помош сфатив дека сум заинтересирана и би сакала во иднина да се занимавам со смарт фасхион – вели таа и додава дека во таа насока е и нејзиниот проект “Андроиди”.
Кон крајот на мината година почна нов концептуален проект, во кој ќе ги спои модата и театарот. Ќе создаде колекција со уникатни парчиња, од кои секое ќе има своја приказна. Моделите ќе го задржат духот на елегантната филмска жена, модифицирани во сегашните стилски дефинирани трендови. Креациите ќе се продаваат во еден примерок.
Кнез има создадено и линија на накит. Станува збор за софистицирана и уникатна бижутерија од вештачки бели и црни бисери, надоградени со други позлатени или посребрени додатоци, сатенска лента, синџир и кристали.
фото: Жарко Чулиќ


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: