Јован Петровски – Колекција eсен-зима 2009/2010

30 Dec
Пософистицирана и поелегантна од било која што ја создал досега е новата колекција на младиот македонски креатор Јован Петровски. Фустаните иако навидум изгледаат едноставно, кројот е доста сложен и истражуван. Кошулите се со волумен на рамениците и со панделки. Во колекцијата преовладува малиот црн фустан, што е есенцијален дел од женската гардероба. Можат да се најдат и кошули и здолништа. Инспирација му бил ликот што го толкува Одри Хепберн, филмскиот класик “Појадок кај Тифани”. Ја замислил Холи Голајтли во денешно време и претпоставил како таа би го носела црниот фустан и со што би го комбинирала. Моделите се изработени од памук, волна, свила и габардин. Стајлингот го надополнил со накит од линијата со негов потпис, што е резултат на соработката со нашиот дизајнер на накит, Горан Иан. Моделите ги комбинира со чевли од познатиот британски бренд United Nude, чиј футуристички изглед се вклопува во замислата за естетика на Петровски.


Фотограф: Лепа Георгиевска
Коса и шминка: Марија Ленчевска
Модел: Ана Калачовска
Локација: fx3x

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: