Новите момци од инди-рок сцената во Vogue

26 Dec
Vampire Weekend

Новите деца од инди-рок сцената се како излезени од моден каталог. Од трепки до чорапи накитени со урбани дреболии, облечени во парталчиња со потпис на- во моментов- најкул дизајнерите и со поинаков аутфит на секое нивно јавно појавување. Иако во преден план е музиката и сценскиот настап, сепак, во комуникацијата со фановите голем дел од пораките ги праќаат преку облеката.

Стилот, како убаво спакувана целина од квалитетот на нивната работа, начинот на однесување, облекување и како го носат моделите, ги одделува единките од својата генерација –која слепо ги следи трендовите. Посебноста на неколку ѕвезди во раст ги забележа острото око на уредничкиот систем во влијателниот моден магазин Vogue, и во изданието за јануари 2010 понуди едиторијал со неколку интерсни инди-рок и поп-фаци, што допрва доаѓаат.

MGMT, Beirut, Vampire Weekend, The Horrors, Golden Silvers, Chester French, Adam Green, Mika позираа со познатата манекенка Саша Пивоварова пред објективот на Steven Meisel.

Момчињата од MGMT се стокмени во блузи, модни детали и панталони од Yves Saint Laurent . Младиот музичар Зек Кондон, што настапува под името Beirut во свој стил, носи палто, кошула и панталони од Jil Sander. Vampire Weekend, пак, во убавото друштво на Пивоварова позираат со облеки на Bottega Veneta. Фронтменот на The Horrors носи Givenchy, а останатиде момчиња Lanvin и Balenciaga. Во Burberry Prorsum и Nina Ricci се музичарите на Golden Silvers, а бендот Chester French во креации на Balmain и Louis Vuitton. Adam Green носи комбинација од Gucci, додека Mika го скоцкале во моделчиња на Céline…Многу од овие ликови не сте ги замислувале во ваква сесија, а преку неа повеќето ќе дфознаат за овие нови деца.

Beirut


The Horrors


MGMT


Adam Green

Golden Silvers

Chester French

The Horrors

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: