Катарина Ивановска во кампања на Women’secret

26 Dec

Објавено во “Дневник” на 22 декември 2009

Славниот македонски модел Катарина Ивановска е заштитното лице во новата колекција на познатиот бренд за долна облека Women’secret. Таа е ангажирана за рекламната кампања за линијата есен-зима 2009-2010. Неодамна Катарина се разголе и за новата кампања на марката за долна облека „Андрес Сарда“. Дваесет и едногодишната манекенка годинава имаше едиторијали во италијанското издание на „Ел“, во „В магазин“ и во британски „Гламур“.
Некогашната победничка на интернационалниот избор „Лук моделс срч“ е најуспешниот македонски топ-модел. Се појавила во реклами и на ревии на најголемите модни куќи и дизајнери на денешницата, како „Диор“, „Долче и Габана“, Валентино и Ралф Лорен. Во кампањата на „Воменс сикрет“, Катарина носи секси ноќници, чорапи и градници од свила и од тантела во црвена, кафеава, крем, виолетова и светлосина боја. (А.Н.)








Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: