Broken Mirrors by Роберт Ивановски

24 Dec
Огледалото рефлектира дел од душата. Затоа се верува дека доколку скршите огледало ќе скршите дел од вашата душа. Инспириран од суеверијата поврзани со огледалото, како и од неговиот одраз, значењето и карактеристиките (како тврда, лесно кршлива и не практична материја) тазе дипломираниот креатор Роберт Ивановски ја создаде својата колекција Broken Mirrors. Една од најголемите надежи на македонската модна сцена, кој уште со своите студентски модели наметна препознатлив стил, вели дека се одлучил за црната боја бидејќи таа има повеќе симболички значења.-Се смета за боја на злото и мрачните сили, таа е сериозна, мистериозна, стилска, безвременска и софистицирана , ова е боја на авторитетот и моќта. Кај младата популација често е видена како бунтовничка. Таа знае да биде позитивна и негативна. Во Јапонија се смета за боја на дворјанство, успех, искуство-вели тој. Младиот креатор внесе нова свежина во модната понуда во Македонија. Негови креации можевме да погледнеме на Битолската модна недела 2009 , ревијата во чест на холандската кралица и на завршните ревии на Европскиот Универзитет. Тој е уникатен во својот дизајнерски пристап и доследен на својот авангарден имиџ инспириран од готик културата и метал музиката. Дипломската колекција е во препознатливиот даркерски и рок-стил, со умерена театралност и со нагласени метални детали, кои алудираат на огледала. Препорачлива е за млада, урбана и ексцентрична жена, што сака да е во центарот на вниманието. Наменета е за вечерни излегувања и забави. Моделите се носливи, но најмногу применливи за сценски настапи. Во основа го има сензибилитетот на славните дизајнери Александар Меквин и Герет Пју, со надеж дека ќе наиде на добар прием кај музичките ѕвезди од нашата сцена, бидејќи најголеми клиенти на овие двајца светски мајстори на костимографијата се поп-иконите на денешницата.







Фото : Билјана Бојевска

Модел: Ива Сливјановска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: