Нови модни икони (3) –Алисон Мосхарт

20 Dec

Трендовите и модните икони најчесто се создаваат таму каде што нема многу мода, но има личност со приказна. Модните икони не се само познати фаци со добро комплетирани стајлинзи, туку пакет во кој имиџот е само целофанот во кој се завиткани. Понежната половина на култното инди-рок дуо The Kills и од годинава пејачка и во супергрупата The Dead Weather, Алисон Мосхарт, за многумина е една од најголемите нови икони на стилот. Таа смета дека тоа истовремено е кул, но и иронично.

-Интересно е со оглед на тоа колку сум немодерна! Ги преносувам истите облеки и не отстапувам од својот стил. Не купувам скапи облеки и не знам што е во тренд. Но тоа не е толку лоша порака пратена до публиката. Стилот според мене секогаш доаѓа од луѓе што се занимаваат со нешто што нема врска со модниот свет. Тие обично се уметници, сликари, музичари или писатели. Секогаш зависи од тоа што го прават луѓето. Не паѓам на некој само зашто дотеран прошетал на улица или се појавил во некој магазин, а не прави ништо. Облеката мора да биде во контекст на нивните животи. Тоа што го носат раскажува за тоа што го работат. Ми се допаѓаат луѓето што си ја носат својата уметност-вели Мосхарт за еден блог.

Според неа Труман Капоте, Еди Сеџвик, Дон Ван Влит (од кој е бескрајно фасцинирана) и Гај Пичиото од Fugazi имаат најмногу стил.

-Ако некој се шета од глава до пети облечен во “Гучи” зборува за тоа дека тој има малку имагинација и многу пари. Многу е поважно кој си , отколку што носиш. Твојата личност мора да биде поголема од тојот аутфит-подвлекува пејачката, позната по сценското име “VV”.

Открива дека никој досега не и’ понудил да дизајнира облека (каков што обично е случајот со модните икони меѓу музичарите).

-Сметам дека нема ни да ми понудат. Не сум многу женствена и не знам ниту што ниту како некому да му кажам што да облече. Не знам да направам облека што сите би ја носеле. Би била премногу себична и би дизанирала облека што само јас би ја носела…и многу ќе се изнервирам ако некој друг ја носи-признава американската музичарка.

Најудобно и’ е во црни фармерки, карирана кошула и каубојките, од кои не се откажува во ниедноа пригода и ниедно годишно време. Во нејзиниот ормар има мал микс од рокерски блузи панталони и јакни, и панк и хипи додатоци. Иако зад неа не стои армија на стилисти, фризери и шминкери , таа е идол и пример на илјадници девојки, пред се зашто растура на сцена…

Таа е неодолива во секоја смисла и јасна е паниката на Кејт Мос, кога нејзиното момче Џејми Хинс (The Kills )без неа заминува на подолги турнеи со Алисон.







ВИДЕО-“Cheap and Cheerful”-The Kills

http://www.youtube.com/v/G6wUPCqwWI8&hl=en_US&fs=1&




Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: