Стилизирана бајка од светот на чудата на Тим Бартон

15 Dec

Судено според начинот на кој се облекува еден од најуникатните ликови на современата поп-култура, режисерот Тим Бартон, воопшто не може да се нарече модна икона. Тој е секогаш неуреден, со лошо вклопени парчиња, несоодветни материјали и чудна комбинација на бои. Но неговиот моден хаос, гледано како голема слика, е симпатичен и совршено се совпаѓа со неговиот карактер. Од друга страна, ако мериме според неговото влијание врз модната индустрија, преку неговите филмовите, може да се нарече иноватор. Неговите филмски бајки создаваат нов правец во модата, на кој може да бидат благодарни ликови како Кети Пери, Лејди Гага и Гвен Стефани, бидејќи на косумизираните модели им дава кул-ефект. Модниот магазин “Харперс базар” објави едиторијал со креации од повеќе познати дизајнери и модни куќи комбинирани во стилот на филмовите на Бартон. Во сесијата се појави и 51-годишниот филмаџија. Па така креации на Александар Меквин, “Луј Витон”, “Шанел”, Жан Пол Готје, Кавали, Армани, Долче & Габана, Нина Ричи… беа совршено вклопени во приказните излезни од култните филмови “Битлџус”, “Едвард ножици-раце”, “Враќањето на Бетмен”, “Планета на мајмуните”, “Марс напаѓа”, “Големата риба”, “Свини Тод”, “Ед Вуд”, “Мртвата невеста”, “Чарли и чоколадната фабрика”, и “Алиса во Земјата на чудата”. Во ист манир, од неодамна во Музејот на модерна уметност во Њујорк е поставена изложба со дела инспирирани од Тим Бартон. Посетителите можат да погледнат 700 експонати, фотографии, реквизити, цртежи и костими со мотиви од неговите филмови.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: