Новогодишни колекции во Лудус

11 Dec
Македонските модни дизајнери Росица Мршиќ, Елена Спасовска, Бурим Муслиу и дизајнерката на накит Александра Шекутковска (Laser Cut Design Laboratory) в понеделник (14 декември ) од 18 до 20 часот во LUDUS concept store ќе ги промовираат своите модели за претстојните новогодишни забави на предновогодишната Tеа Party (чајанка).
-Ни претстои период на забави, затоа побарувачката на македонскиот пазар не’ натера да одговориме со несекојдневна понуда на вечерни фустани-велат од “Лудус”.
Дизајнерката Росица Мршиќ изработи извонредна женствена мини-колекција, наменета за вечерни излегувања. Базирана е на игра со текстура на материјали и едноставна линија со нагласени детали во одредени делови. Употребени се природни материјали – свила, вискоза и памук. Доминира црната боја комбинирана со неутрални беж тонови.
Со цел да се промовираат домашните дизајнери, “Лудус” во понудата ги вклучи и парчињата на останатите изложени дизајнери, кои се вистинско освежување и одговор на потребата на помладите клиенти.
Креација на Елена Спасовска

Модели by Росица Мршиќ

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: