Нови модни икони (2)- Џулиет Луис

22 Nov



Ѕвездата на филмовите „Родени убијци“, „Калифорнија“ и „Што го мачи Гилберт Грејп“, Џулиет Луис , која гради успешна музичка кариера, е едно од највечатливите модни чуда на сцената. Отсекогаш го имала оној инди-шмек, својствен само за неколку кул холивудски актерки. Модно вистински се отвори откако се качи на музичката бина. До оваа година функционираше со бендот „Џулиет енд д’ Ликс“ , а од неодамна е дел од “Њу роматикс“. Позната е по откачените no name детали, као на пример чалми од турки пазар, поглаварски пердуви и други дреболии од продавници за маскирање. Носи модели потпишани од славни креатори, како Александар Меквин и Виктор & Ролф , но сите ги вклопува и синхронизира со својот имиџ.

Позната е по спектаклите што ги прави на своите настапи, а во тоа доста помагаат и лудите костими што ги носи. Вели дека фетиш и се додатоци што може да ги носи на чело или на фронталниот дек од главата. Има палета од шарени стреч комбинезони , хеланки, блузи со неправилна форма, разни чизми и колоритни додатоци. Затоа, на нејзниот настап во Скопје, на финалнаат вечер (5 декември) на годинашниот Taksirat Boom! Festival, очекувам добра музика, тетаралност и модна лудорија. Во морето од интересни стајлинзи избрав неколку рандом примери, за да доловам неколку разни изданија на Џулиет.
























Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: