Војна на ѕвездите за Гарет Пју

1 Nov

Рошин Марфи, Кајли Миног, Лејди Гага, Бијонсе Ноулс и Ријана, се само дел од ѕвездите што полудеа по моделите на авангардниот дизајнер Гарет Пју. Тие ги носат неговите креации на своите концерти , видеоспотови и на каверите на албумите. Дваесет и осумгодишиот креатор е најголемата модна надеж на Британија и воопшто на авангардната модна сцена. Тој важи за миленик на модната елита, критичарите, но и на музичките ѕвезди како Кајли Миног која е во негова креација на насловната на својот нов албум. Негова најголема обожавателка и “адвокат” е поранешната пејачка на “Молоко”, Марфи, која носи негови креации на разни јани настапи како и на видеоспотовите од нејзниот албум Overpowered. Необините творби на овој млад Британец му обезбедија многу ангжмани во модната престолнија Париз, каде што има свое атеље. На 14 години тој ги направил своите први костими за Англискиот национален младински театар. На својата дипломска ревија во “Централ Ст. Мартин” користел балони за да ги нагласи зглобовите и рамената на моделите, што стана негов заштитен знак. Со ревијата го привлекол вниманието на уредникот на магазинот Dazed & Confused, кој со ставил на насловнаат страница. Брзо се пробил во урбаната модна сцена и станал еден од омилените креатори на младиот лонсонски џет-сет. По дипломирањето станал дел од едно модното реално шоу, кое, иако за него не било многу добро искуство, сепак му овозможило голема популарност. Во 2005 година учествувал на престижната Авангардна модна недела во Источен Лондон. За само неколку месеци со минимални средства ја напрвил својата прва самостојна колекција. Премиерата на Лонсонската модна недела ја имаше во 2006 година каде што се претстави со пролет-лето колеција, за која имаше поделени критики. Но за него најважно беше што “Вог” го нарече гениј, а многу и се допаднал и на главната уредничка на овој моден магазин, Ана Винтур, која стана негова мецебна и со жија помош лесно се проби во високите кругови. Врз работата и стилот на Пју големо влијание извршиле Александер Меквин, Џон Галијано, Вивиен Вествуд и Клаус Номи. Неговите колекции се автобиографски и се слика на неговата потреба од експериметирање и истражување меѓу половите, световите времињата и историјата. Препознатлив е по неговите динамични волумени. Тој прави масивни капути и палта, балон здолишта и необини кошули со шпицести рамења. Сето тоа е надополнето со сферични шапки и чанти со необични форми. Користи разни материјали, експерометира со пластиката, а има креации со фудбалски топки. Тој е смел иноватор, од кој се очекува уште многу.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: