Катарина Ивановска во секси фотосесија

28 Oct

Објавено во “Дневник”
(28. 10. 2009)

Познатиот македонски топ-модел Катарина Ивановска се разголе за новата кампања на шпанскиот бренд за долна облека „Андрес Сарда“. Манекенката со успешна интернационална кариера е заштитно лице на колекцијата есен-зима 2009.
Ивановска, која досега беше дел од модните ревии на „Диор“, „Долче и Габана“, „Валентино“ и Ралф Лорен, за потребите на „Андрес Сарда“ се трансформира во заводлива фем фатал дама.
Во колекцијата на марката што се смета за европски одговор на светски најпознатиот бренд за долна секси облека,“Викторијас сикрет“, има градници, корсети, чорапи-килотки и гаќички од свила и тантела, во црна, виолетова, розова и црвена боја.
Катарина е некогашна победничка на интернационалниот избор „Лук моделс срч“. Се појави на насловните страници на италијанското издание на „Ел“, на рускиот „Вог“, и беше дел од насловните на магазините „Дива“ и „Максима“. Минатата година имаше модни едиторијали во „В магазин“ и во британски „Гламур“.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: