ГРУПА НА АУТСАЈДЕРИ-машка мода

24 Oct
Модниот бренд Band of Outsiders изминативе неколку години се наметна како омилен меѓу момчињата се следбеници на трендовите. Основан е во 2004 година во Лос Анџелес , а името доаѓа од култниот филм на Жан Лук Годард од 1964 година, за малата група бандити кои меѓу другото влегоа во историјата и со одличниот стајлинг. Главниот дизајнер на Band of Outsiders , Скот Стенберг вели дека во основа неговите креации се како модата на нашите дедовци и татковци. Има класични панталони, пуловери, џемперчиња, костими, кравати. Но разликата е во тоа што тој прави современ микс со дуксери, штосни шапки, кошули… Целиот пакет настанал како микс од францускиот њу вејв- стил и класишниот Американа имиџ. Интересно е што овој американски бренд, што е омилен меѓу американските момчиња е инспириран од уличната мода во поголемите европски градови. Иако Македонија е аутсајдер во однос на понудата на вакви добри бреднови, сепак фино е да се погледнат решенијата и идеите …Покреативните ќе побараат во стариот ормар на својот татко и ќе ископаат некое вакво моделче.






Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: