СТИЛИЗИРАНИ КАБАНИЦИ

18 Oct

Пред неколку месеци една мала група што се движи околу интернет магазинот Плагијат (www.plagij.at) доби дождлива времена прогноза за фестивалот “In music” што се одржува на отворено, на островот на младите Јарун во Загреб. Но таков детал не беше доволно силен да не’ одврати

од идејата во живо да се омилените Yeah Yeah Yeahs, Art Brut, Kraftwerk, Moby, Lily Allen, Franz Ferdinand, Rokia Traore, Editors и Кирил Џајковски. Затоа се вдадовме во добра подготовка да се издржи и во услови на бура, одоносно да се набават гумени чизми и кабаници. Потрагата по гумените чизми низ скопските продавници се покажа како невозможна мисија. Ова е метропола што функционира само сезонски, а бидејќи тоа беше јуни, не можеа да се најдат во редовна продажба.. На крај се упативме во места специјализирани за опрема за риболов и за лов каде што купивме само кабаници. Воопшто не се оспорува функционалноста на овие кабаници, но доколку идејата Ви била да изледате стилизирано – тоа беше тешко изводливо со неколку броја поголемите војничко -зелените мантили…За среќа временската прогноза се покажа како неточна и додека бевме на фестивалот немаше потреба да се искористат кабаниците.

Денес, 18. ден од октомври, кога сме сред есен и кога е очекуван дожд и влага, кабаниците, мантилите и гумени чизми се дел од модните парчиња што и те како би нашле примена во лондонско Скопје. Но, чизмички може да се најдат во неколку продавници, но кабаници повторно само во продавници за ловци и риболовци. Во недостаток од модерни и стилизирани модели во Скопје еве неколку интересни предлози што ги понудија светските модни дизајнери за ова есен.

by:Sonia Rykiel

by:Lacoste









Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: