УРБАНИ КОМБИНАЦИИ ЗА ОВАА ЕСЕН

17 Окт

Инспирирани од уличната мода на познатите личности, канадските дизајнери Дин и Ден Катен направија урбана и нослива колекција за сезоната есен 2009. Во нивите модели, промовирани под етикетата на својот бренд Dsquared2 тие го сублимираа сето искуство и идеи што ги собраа креирајќи во работилницата на Џани Версаче и Дизел. Дека не станува збор за обични солачи на трендовски памет зборува и податокот дека работат се, од изработка на фармерки, преку елегантни фустани, а дури и ги дизајнираа дресовите на фудбалскиот клуб Јувентус. Шармантен е податокот дека овие идентични близнаци имаат своја радио-емисија и секогаш се отворени за соработка со разулавените џетсетери, но и со сите обичниклиенти.

Новата колекција повеќе е стилско решение за тоа како да се комбинираат одредени модни парчиња, отколку предлог што е модерно. Направиле одличен спој од карирани кошули со хеланки-фармерки и елечиња, фустанш со тренерки, фармерки со сакоа, елегантни блузи со рокерски панталони, маички со принтови и фенси здолништа. Ова е надополнето со сезонски додатоци, како марами, шалчиња, качкети, накит и чанти. Секоја комбинација е заокружена со детал што асоцира на слика од секојдневието. Манекенките носеа чаши со Старбакс кафе , своите Блекбери телефони , весници, ајфони…


































Напишете коментар