ИНТЕРВЈУ СО БИЛЈАНА КАРАН

13 Oct


ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПРОГРЕС
ВО ВРЕМЕ НА РЕЦЕСИЈА


by: Ана Несторовска
Објавено во “Викенд” (Дневник) на 10 Октомври 2009

Елеганцијата и екстравагантноста се заштитен знак за младата македонска модна дизајнерка Билјана Каран. Дебитира на Модната недела во Скопје пред повеќе од две години, кога даде до знаење дека нејзина определба ќе бидат гламурозната и женствена страна на модата. Зад себе има неколку колекции, диплома од Академија од Фиренца, а за кусо време успеа да создаде свое атеље и да отвори претставништво во Италија. Во нејзината биографија се надополнува и промовирањето на колекција во Париз. Наскоро на нејзината веб-страница ќе се најдат фотографии со креации од нејзината последна колекција. Сесијата беше снимени летово на повеќе локации во Италија. На неа соработувала со фотографот Пиерангело Габриели, стилистката Кристина Фери и манекенката Валентина Кандијан. Постојано е на релација Скопје-Венеција- Милано. Во моментов работи на колекцијата есен-зима, во која има удобен капут од кашмир, надополнет со рачно плетени џемпери и маички, како и плетени фустанчиња, овојпат во поживи бои. Таа работи во новите простории на своето атеље “Касен ами”. Задоволна е како се разработи нејзиниот моден простор.
-Измината година ја променив локацијата на моето студио што сега се наоѓа спроти “Скопјанка” и каде што за разлика од претходниот простор ја има потребната интима, како за клиентите, така и за мене. Заинтересираноста е поголема секој ден, што секако влијае позитивно на мојата работа-вели Каран.
ЕЛЕГАНЦИЈА И ГЛАМУР
Билјана претежно креира елегантни и свечени фустани. Вели дека најмногу се препознава во гламурот и елеганцијата.
-Тоа секако е правец што го негувам во мојот стил, меѓутоа сакам да експериментирам и често моите креации може да бидат екстравагантни и прилично смели или пак елегантни со примеси на гламур. Ме фасцинираат можностите во модата, можете да правите буквално с, да си играте на најразлични начини, секако со доза добар вкус и голема фантазија. И приватно негувам ваков стил. Мојот ормар е преполна со мои креации, тоа е мојот стил, тоа сум јас-вели таа.
Пред неколку месеци отвори канцеларија во близина на Венеција, Италија од каде што ќе биде координирана промоција на нејзините модели на светскиот пазар. Претставништво го води во соработка со тамошната компанија “БС Ентерпрајз” што го пласира својот бренд на италијанскиот пазар.
-Досега моите креации се продаваат во неколку бутици во Падова за каде веќе ја изработувам следната колекција. Наскоро ќе може да се нарачаат и купат колекциите и на мојата интернет страница. Интересно е што фотосесијата од новата колекција веќе се најде на страниците на некои локални магазини и дневни весници, што на мое особено задоволство ги опишаа моите креации како висока мода. Вниманието кое го привлековме за време на сесијата беше вистинско изненадување-признава Каран.
ПОСВЕТЕНА НА МОДЕЛИ ЗА ЖЕНИТЕ
Билјана инспирацијата ја наоѓа секаде.
-Имам многу интереси, ја сакам уметноста, архитектурата, музиката и добрите книги. Во сето ова јас ја наоѓам својата инспирација што секогаш е различна, во постојано движење.
Благовремено се информира за светските модни трендови. Редовно добива покани од светските саеми на мода, но досега била само двапати на “Пити филати” во Фиренца. На овие саеми се промовираат светските трендови за наредните сезони. Најчесто материјалите се тие кои најмногу влијаат врз трендот, но тука се и сезонските букови, според кои работи целата модна индустрија и во кои модните трендсетери според нивните истражувања ги предвидуваат трендовите кои допрва ќе се случат.
Каран вели дека на неа не влијаела рецесијата. Интерсно е што таа во овој период доживеа прогрес на меѓународен план.
-Искрено, навистина не ја почуствував рецесијата. Напротив, во период на рецесија јас за првпат ги изложив и ги продавам моите модели и надвор од нашата земја.
Креира најмногу за понежниот пол. Иако досега имала неколку машки клиенти смета дека тоа не е нејзина професионална определба. Дизајнира за сите тие што се заинтересирани, но во блиска иднина не планира колекција за посилниот пол и понатаму го задржува моето внимание на жените.
ВЕНЧАНИЦИТЕ МИ СЕ ПРЕДИЗВИК
Следен поголем проект е изработката на колекција на невестински фустани.
– Венчаниците се вистински предизвик. Тоа најбитниот фустан за секоја жена, а секоја е посебна и тоа го прави дизајнирањето венчаници уште пофасцинантно. Во моментов, покрај венчаниците со мој потпис во моето студио може да се погледнат и нарачаат венчаниците на светски познатиот бренд “Проновиас”, што е специјализиран во дизајнирањето на венчаници и свечени фустани -вели младата креаторка и додава дека од нејзиното деби на Скопската модна недела во 2007 досега доживеала прогрес во стилот и начинот на креирање.
Со секоја нова колекција и секој нареден фустан смета дека станува подобра во тоа што го правиш, иако не гледам особена разлика во стилот што го негува.
-Уште од самиот почеток, го задржувам сопствениот печат на рафинираност во дизајнирањето.Секоја колекција е различна и нова,но во секое уникатно парче има дел од мене.
Каран е од оние личности што не знаат да имаат слободно време, секогаш наоѓа нешто што ќе го привлече моето внимание и ќе го пополни моето слободно време
-Едноставно не може да бидам во мирување премногу долго, дури и во моментите на релаксација не би уживала доколку не се исполнети со некакви активности. Неодамна повторно почнав одам на часови по јога, работам и на обновување на мојот веке по малку подзаборавен француски. Секако понекогаш знам и тотално да се опуштам слушајки само добра музика или уживајки во некоја интересна книга.
МАНЕКЕНКА ВО СВОИТЕ КРЕАЦИИ
Редовно се појавува и како модел во промоција на своите креации, нешто што го практикува и легендарната дизајнерка Дајана фон Фурстенберг, која првпат почнала зашто немала доволно средства да плати манекенка. -Нема некоја особена причина зошто се појавувам и јас како модел. Секогаш се случува некако спонтано, доколку не можам да ја најдам вистинската девојка се случува самата да застанам пред објективот.
За твоите колекции ги најмува едни од најбараните наши модели, како Мартина Павлова и Ана Калачовска.
-Типувам на работа со професионалци и морам да признаам дека девојките со кој сум работела досега може да се наречат само така. Тие секогаш во потполност ја доловуваат мојата замисла за тоа како најдобро да се претстави еден модел и морам да додадам дека е право задоволство да се работи со нив.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: