Модниот фотограф Ирвинг Пен замина во легендите

10 Oct
Американскиот моден фотограф Ирвинг Пен почина во средата во Њујорк на возраст од 92 години. Делата на легендарниот фотограф Пен се изложени во галерии низ САД, вклучувајќи го и музејот „Метрополитен“, а издадени се и дузина каталози и книги посветени на неговиот опус.
– Тој веројатно беше најпознат по фотографирањето на париските модели и на најголемите светски културни икони, но со еднаков интерес ги сликаше и селаните во Перу – се вели во некрологот објавен во „Њујорк тајмс“.
Пен имаше долга соработка и со магазинот „Вог“ фотографирајќи безброј насловни страници, па „Лос Анџелес тајмс“ го опиша како големиот мајстор на американската модна фотографија, кој го комбинира своето естетско правило „помалку е повеќе“ со неверојатната сензуалност дефинирајќи го својот визуелен стил преку фотографиите од славните артисти, племенски водичи, дизајнерски ревии.




Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: