КОЛЕКЦИЈА ЕСЕН-ЗИМА 09 НА РОСИЦА МРШИЌ

8 Oct

Новата колекција е инспирирана од 40-те години на минатиот век. Иако силуетата е превземена од овој период, кроевите се осовременети и имаат геометриско надополнување и игра на вклопување. Силуетата е женствена, мека, но и со став на решителност. Шапките се дел од имиџот на оваа колекција, и се наменети да го додефинираат целосниот изглед. Боите кои преовладуваат се црна, сива и бела, но има вметнато црвена и розева боја кои даваат нагласување на монохромниот пристап. Материјалите кои се користени се природни: памук, свила, волна, а присутен е и сатенот, кој дефинира вечерен изглед.

Росица Мршиќ ја започна самостојната дизајнерска кариера со интернетско претставување на колекцијата пролет/ лето 2008 на својата http://www.rosica-mrsik.com, со што отвори нова страница на македонската модна сцена. На нов начин, на љубителите на модата и на интернетот, им станаа достапни парчињата облека со потпис на младата дизајнерка Росица Мршиќ. Доближувањето до пошироката публика, таа го направи со промоцијата на колекцијата есен/ зима 2008 во концептуалниот бутик Лудус. Тоа е почетокот на праксата на редовно промовирање на нови сезонски колекции. Најновиот потег на оваа иновативна и доследна модна дизајнерка е отворањето на сопствен простор за современа мода на ул. 9 Мај бр.5, зад Универзалната сала. Овој модерен работно-изложбен-продажен простор е замислен како место каде парчињата модна облека ќе го минуваат својот пат од идејата до вкусот на модерните современи жени.












Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: