РОСИЦА МРШИЌ, ЈОВАН ПЕТРОВСКИ И ГОРАН ИАН ВО ЛУДУС

7 Oct

Модните креатори Росица Мршиќ, Јован Петровски и Горан Иан ќе ги промовираат своите нови колекции за сезоната есе-зима 2009 во концепт просторот Лудус в четврток (8 октомври 2009) , во 21 часот.

Росица Мршиќ со нова колекција есен-зима 09
Новата колекција е инспирирана од 40-те години. Иако силуетата е превземена од овој период, кроевите се осовременети и имаат геометриско надополнување и игра на вклопување. Силуетата е женствена, мека, но и со став на решителност. Шапките се дел од имиџот на оваа колекција и се наменети да го додефинираат целосниот изглед. Боите кои преовладуваат се црна, сива и бела, но има вметнато црвена и розева боја кои даваат нагласување на монохромниот пристап.

Јован Петровски – женска и машка колекција
Оваа сезона Јован Петровски нуди колекција во која преовладува малиот црн фустан, како есенцијален односно основно парче облека што секоја жена мора да го поседува. Големо внимание е посветено на кројот што на прв поглед изгледа многу едноставен, а е всушност многу истражуван. За разлика од претходната сезона, во која преовладуваше тенката силуета, оваа сезона таа е поширока при што половината е означена со фалтирање. Користени се материјали како памук, волна и рипс, а употребени се црната како основна боја како и сивата, белата и црвената.
Како што црниот фустан е важен за жените така е кошулата најбитна за машката гардероба। Машката колекција се состои од двобојни кошули со интересен крој и исечоци. Панталоните се црни од задната страна, а сиви од предната. И кај машката и кај женската колекција изразот е минималистички.

Горан Иан – artcessories
Дизајнерот на накит Горан Сиџимовски веќе трета сезона ги нуди своите колекции во Лудус. Новата есен-зима колекција носи наслов артцессориес , а инспирацијата ја наоѓа во современата уметност и уметниците кои ги почитува дизајнерот. Карактеристично за неговите парчиња накит е употребата на материјали нетипични за изработка на накит како плексиглас и миле, а причината за нивната повторна застапеност е можноста што ја нудат за различни креативни решенија.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: