МОДА ЗА НОСЕЊЕ-Културен Центар ЦК

25 Sep
дизајнер: Александра Шекутковска
Седум млади модни креатори од Македонија и уште толку од Србија ќе претстават свои креации во рамките на проектот „МОДА ЗА НОСЕЊЕ“ кој ќе се одржи во сабота во Културниот Центар ЦК со почеток о 18:30 часот.Базарот на млади модни дизајнери е со продажен карактер и е отворен само една вечер – на 26 септември, како дел од програмата на манифестацијата Бела Ноќ 2009.Посетителите ќе можат да погледнат и купат иновативни модни креации и модни додатоци како брошеви, накит, шалови, торби… Проектот “Мода за носење” е инициран од дизајнерката Људмила Стратимировиќ од Белград. Водејќи се од потребата за поддршка на млади независни креатори го создава проектот Базар Мода. Поради оригиналноста и креативноста, проектот успешно се наметнува на белградската сцена под наслов “Мода за понети”. Во една од поставките на “Мода за понети” во мај годинава учествуваа и македонски автори / дизајнери. Како резултат на ова позитивно искуство, за прв пат во сабота проектот “Мода за носење” ќе биде и во Скопје. За учество на отворен конкурс се пријавуваа и млади домашни автори, од кои седумина селектирани ќе се претстават заедно со гостите од Белград во КЦ ЦК.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: